,,Шпигл“ критикуван заради контроверзна насловна страница

Влијателниот германски неделник  “Шпигл” се најде на удар на бројни критики во Германија , заради контроверзна насловна страница на која американскиот претседател Доналд Трамп е прикажан со отсечена глава на Статуата на слободата во раце и крвав нож.

Неколку германски весници ги критикуваа своите колеги од ,,Шпигл“, додека германскиот потпретседател на Европскиот парламент Александер Граф Ламбсдорф, анимацијата од насловната страница ја нарече-невкусна, јавува Би-Би-Си.

Додаде дека карикатурата повеќе зборува за новинарите на весникот, отколку за американскиот претседател.
Авторот на карикатурата Едел Родригез објаснил дека таа претставува симбол за обезглавена демократија. Тој сакал да направи паралела меѓу Трамп и Исламска држава, бидејќи, според него, тие се еднакво екстремни во своето делување.
Главниот уредник  Клаус Бринкбојмер насловната на весникот ја правдал со тоа што Трамп практично го сосекол добредојдето за мигрантите , а Статуата на слободата во 19 век претставувала токму тоа за доселениците  од целиот свет .
АКО.мк,агенции