Штајнмајер е новиот Претседател на Германија

Со огромно мнозинство гласови германскиот Парламент го избра поранешниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер за 12-ти сојузен Претседател на Германија.Сојузното собрание во првиот круг гласање со 931 глас од 1260 избирачи го избраа 61 годишниот Штајнмајер за Претседател во конкуренција со 4 противкандидати.

Во кусиот говор тој им се обрати на оние што не гласале за него, уверувајќи ги дека ќе направи се да ја добие нивната доверба.