Штипјанец се удави во Индиски океан

Mладиот штипјанец Ангел А. кој  бил дел од екипажот на брод на корејска компанија, се удавил во Индискиот океан засега под неразјаснети околности. Македонското МНР ја потврди веста за трагедијата, но се уште нема официјално соопштение како точно се случил настанот. Како што неофицијално потврди МНР, веста за оваа трагедија до нив била испратена од корејската компанија за која што работел Ангел, ХГС од Кореа.

Ангел бил дел од екипажот што го обезбедувал бродот од пирати кој пренесувал разни стоки,а покрај него, на бродот имало уште неколку Македонци.

Несреќниот штипјанец порано бил дел од вооружените сили на АРМ и работел како професионален војник.