Што бараа Чавков и Зврлевски кај кумановскиот полициски началник?(видео)

,,Дојдоа во мојот домот бандидите на Зврлевски, а организирани од Чавков, ми влегоа во куќа, ми го преплашија семејството, претураа по мојата чанта, но ништо не најдоа. Нема што да најдат,,- вака им се обрати на насобраните граѓани се уште актуелниот началник на СВР Куманово Стојанче Величковиќ поставен од Оливер Спасовски.

Тој качен на еден автомобил им се обрати на насобраните граѓани и побара од нив да си заминат, затоа што дојдените полицајци рекле дека немаат намера да го уапсат, туку да земат некои материјали за кои се сомневаат дека се дел од изборна измама. Цело време Величковиќ беше придружуван од градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.

Припадниците на ЕБР одзеле некои белешки, за кои Величковиќ вели дека не се службена тајна, и си заминале.

Според изјавите на насобраните граѓани пред неговиот дом, специјалците влегле во дворот за да го уапсат началникот, но никој не знаеше да каже зошто ЕБР сака да го приведе.

– Специјалците пред половина час пристигнаа пред неговиот дом, каде и се собравме во голем број за да не дозволиме да го приведат. Тука има и Македонци и Албанци, и партиски и непартиски луѓе, и нема да дозволиме да биде уапсен без да дознаеме зошто и под кое обвинение, вели еден од граѓаните кој исто така протестира пред домот на Величковиќ.

Стојанче Величковиќ беше назначен за началник на СВР Куманово во првата техничка Влада, па потоа беше разрешен со заминување на Оливер Спасовски и повторно вратен со неговото враќање на чело на МВР.