Денеска продолжува расправата во Собрание на РМ по дневната точка од дневниот ред-Разрешување на Јавен обвинител на РМ , Марко Зврлевски.

Ќе гласаме за разрешување на Зврлевски поради реална нестручност, неспособност и намера да го помага криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Зврлевски е асистент и прикривач на криминалните дејствија на криминалната бандата во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, која беше и организатор на насилниот упад во Собранието-рече вчера од собраниската говорница пратеникот на СДСМ Петре Шилегов, на првиот ден од расправата за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски.