Што кажа премиерот Заев пред да рече ,,педер“?(видео)

Премиерот Зоран заев, со вчерашната изјава за ,,неколку криминалци, еден суетен новинар и педер“, предизвика скандал и лавина реакции.

Пред да ја изрече оваа скандалозна реченица, премиерот кажа дека очекува истрага и одговорност без пардон, буквално за секого.

Заев  очекува истрагата да ги покаже доказите за секој, и за него и за шефицата на СЈО во оставка.

Тој одговори и на прашањето дали е разочаран од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

-За мене идиотски е настапот, засега, согласно со досегашните докази. Очекувам истрагата да ги покаже доказите за секој, вклучително за  Катица Јанева, Зоран Заев, за кој било случај. Апсолутно само така ќе покажеме дека има владеење на правото, изјави Заев,

На барањето на опозицијата за распуштање на Владата и предвремени избори, Премиерот рече дека сега нема намера да размислува за такво нешто и додаде дека изборите не мора да бидат во декември идната година, може да бидат и во октомври .