Што се случува со избирачкиот список?

Пет дена пред  гласањето на предвремените парламентарни избори, има бројни реакции од граѓани кои велат дека последните два дена имале проблеми при обидот да проверат дали е се во ред со идентификацијата преку апликацијата на страницата на ДИК.
Моника Талеска новинар од Прилеп денеска се обидела да ја провери уште еднаш состојбата со нејзиното име на избирачкиот список и наишла на проблеми. Имено, таа за АКО.МК вели дека се доаѓа тешко до точна информација во Избирачкиот список.
 Кога се обидела да се идентифукува по матичен број каде гласа  го добила избирачкото место, во конкретниот случај во детска градинка, на адреса на која што, кога пребарувате според истата адреса, констатирате дека тука всушност живеат 7  жители или  т. н. „фантоми“. Потоа се обидела да пребара  според адреса и дошла  до констатација дека има и друга Моника Талеска која живее на истата улица…Или членови на нејзиното семејство се евидентирани на друга адреса, а живеат во ист стан.
(адреса на гласачко место каде се евидентирани гласачи со иста адреса на живеење)
Талеска порано имала евидентирано фантомски гласач во нејзиниот дом, а сега таа е ,,преселена,, на друга адреса според Избирачкиот список.
Во невладината ЦИВИЛ стотици граѓани реагирале со вакви или слични проблеми. Некои медиуми објавија дека наводно е извршен обид за хакерски напад врз софтверот на ДИК, но дека нема никакви промени во Избирачкиот список и дека тој е безбеден.
Портал АКО.МК-актуелно-објективно