Што содржат 80.000 аудио фајлови пронајдени кај Захир Бекири-Чауш и 15.000 кај друго лице?

Во последниот Извештај за работата на СЈО се открива дека од преземениот предмет  од ОЈО , во тек е процес на анализирање на форензичките копии од обезбедениот доказен материјал против Захир Бекири викан Чауш и неговиот брат Имер Бекири, при што се утврдени  повеќе од 80 000 аудио фајлови за кои веќе се анализира колкав е бројот на телефонски разговори кои се предмет на незаконското следење на комуникациите. Но, она на што нема одговор засега, покрај за содржината на овие фајлови , е како се нашле тие прислушувани разговори во компјутерот на Чауш.

Тој веќе е осуден на две и пол години затвор, но  за изработка на лажни лични карти и пасоши.

Според пресудата, Чауш треба да плати и 2000 евра за злоупотреба на лични податоци.  Неговиот брат Имер за истите дела доби 1 година затвор и уште 1000 евра парична казна.
 Судската разврска на ,,Фабриката за афери“ не ги изнесе на виделина  содржините на 80 000 разговори, кои уште тогаш според тврдењето на јавното обвинителство,  биле пронајдени при претресот во неговиот дом. Ниту во обвинението, а ниту во пресудата немаше ништо поврзано со незаконски снимени материјали.
По претресот во домот на Чауш , во декември 2016, обвинителот Јово Цветановски објави дека меѓу фалсификуваните документи има и илјадници прислушувани разговори.
Случајот „Фабрика за афери“ беше најавуван како мега скандал од тогашната вадејачка ВМРО ДПМНЕ, во кој полицијата нашла 80 000 незаконски разговори, кои наводно Заев му ги дал на Чауш.
СЈО го презеде овој предмет од ОЈО зарди надлежност врз предмети поврзани со прислушувани разговори.

Воедно, од одземените предмети при извршениот претрес кај едно лице
во рамки на една предистражна постапка во извештајниот период при анализа
на форензичките копии утврдени се повеќе од 15 000 аудио фајлови на кои во
моментот се врши обработка во насока на утврдување колкав е бројот на
телефонски разговори кои се предмет на незаконското следење на
комуникациите.

Специјалната обвинителка во извештајот укажува  дека за оваа предистражна постапка се уште е во тек форензичка анализа на одземените предмети.

АКО.мк

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com