Штрајк на полицијата во Бразил предизвика хаос во градовите

Во 30 градови во Бразил полицајците штрајкуваат и одбиваат да примат задачи заради тешки услови за работа и мали плати.

Странски медиуми известуваат дека тоа предизвикало хаос , грабежи и зголемена стапка на убиства дури за 650 насто.

За три дена најмалку 52 лица се убиени, а бандидите со оружје в раце и мачети влегуваат во продавниците и крадат, ги палат автобусите и оставаат мртви тела зад себе.
Во крајбрежната сојузна држава Есприто Санта заради влошената безбедносна состојба се затворени училиштата и болниците.
Во главниот град на оваа држава во 2015 година дневно се случувале по две убиства, додека само во последните три дена се пријавени 17.
Локалните власти побараа на помош да дојдат сојузните воени трупи.

 

По овие нереди, сојузната власт се согласи да разговара со полицајците за зголемување на платите.

АКО.мк,агенции