На  fb страницата ,,Оризова братимка” објавени се сликите направени со дрон, од преброените 21 гнездо на штркови во Чешиново.

Фотографиите од штрковите и нивните гнезда се импресивни.


Активистите на fb страницата ,,Оризова братимка“ направија снимка со дрон и од најголемото штрково гнездо во Македонија, во висина од 3,2 метри, кое се наоѓа во Чешиново, заедно со штрковите во него( на насловната фотографија).

Овие активности, фотографии и снимки беа дел од манифестацијата ,,Ден на штркот”, одржана во Чешиново на 13.06.2019 година, во рамките на 16-тиот состанок на мрежата на Европските села на штркови, кој оваа година се одржа во општина Чешиново-Облешево и на кој присуствуваа претставници од 10 Европски села на штркот.  

Инаку, само за потсетување, Чешиново-Облешево е Европско село на штркот за 2013 година.   Исто така, проектот ,,Производство на био смарт ориз” освои една од четирите награди по 10.000 долари на регионалниот натпревар во Тирана, кој се одржа од 9 до 12 јули 2019 година.