Давор Шукер беше претставник на УЕФА на изборното собрание на ФФМ каде Муамед Сејдини доби поддршка од делегатите да биде прв човек на федерацијата до 2021 година.

Шукер потернцираше дека не смее да се меша политиката во спорот, статутот на ФФМ е усогласен со УЕФА и ФИФА и Сејдини е легитимно избран за претседател на федерацијата.

„Вие сте ДНК на македонскиот фудбал и ние како УЕФА секогаш ќе ја помагаме ФФМ како наша членка. Сепак, сакам да пчотенцирам дека политиката не смее да се меша во спортот. Статутот на ФФМ е сосема во согласност на УЕФА и на ФИФА“, изјави Шукер на отворањето на Собранието во Охрид.