Шулц води на анкетите пред Меркел

Kандидатот на германските   социјалдемократи за Канцелар на идните парламентарни избори Мартин Шулц, според последната анкета што ја направи телевизијата ЗДФ, би освоил 49 насто од гласовите. Според истата анкета актуелната Канцеларка Ангела Мерекел би добила само 38 насто од гласовите.

Пред еден месец Шулц водеше само 4 проценти пред Меркел, но сега оваа предност е значитилно зголемена.

Сепак, според анкетата демохристијаните на Меркел се уште се во предност пред социјалдемокаратите и водат за 4 проценти. Тие би добиле 34 проценти од гласовите , а социјалдемократите 30.