Шумочуварската служба фати нови дрвокрадци и заплени бесправно исечени дрва

Во рамките на редовните активности на Шумочуварската служба и Одделението за надзор и внатрешна контрола во сите подружници , бесправните сечи не стивнуваат, информираат од Национални шуми.

– Во ПШС Липа- Крушево , ШСЕ Бирино Селце, оддел 105, на 24.09.2020. Шумочуварската служба и Одделението за надзор и внатрешна контрола, заплениле бесправно посечена букова огревна дрвна маса.-

Во координирана акција на шумочуварската служба и шумската полиција ПШС Лопушник- Кичево на м.в.Крушино Ш СЕ Дреново бесправно се затекнати дрвари како бесправно носат дабово огревно дрво,при што дрвата и самарите се одземени и ќе бидат поднесени соодветни пријави.

– Во ПШС Кожув Гевгелија, во ШСЕ Ума оддел 28 а, запленето од шумочуварската служба, огревно дрво даб од непознат сторител.

Ова се само дел од редовните активности кои Шумочуварската служба во сите подружници на ЈП Национални шуми, ги работи секојдневно на терен, во рамките на засилената контрола на бесправни дејствија во шума. Против сторителите, ќе бидат преземени соодветни казнени мерки.