Ѓоковиќ: Беше голем пријател и ментор, ти благодарам Коби…

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, инаку многу добар пријател со кошаркарот Коби Брајант, се прости од него со голема тага во срцето.

,,Моето срце навистина жали. Коби беше голем ментор и пријател. Немам доволно зборови за да ги изразам моите најдлабоки сочувства до семејството Брајант и до секое семејство чии членови настрадаа во оваа трагедија.

Нека Бог ве благослови тебе и твојата Џиана. Ви благодарам што бевте таму за мене и го инспириравте целиот свет. Ви благодарам што им покажавте на сите спортисти како да се натпреваруваме и да го почитуваме спортот. Ви благодарам за најголемото наследство што го оставивте заедно за сите нас. Никогаш нема да ја заборавам твојата насмевка која ширеше позитивна енергија насекаде. Ти и твојата ќерка ќе живеете засекогаш – во нашите срца. RIP amico mio. Ti voglio bene„-напиша тенисерот Новак Ѓоковиќ по трагичната смрт на НБА коркарот и светска ѕвезда, Коби Брајант.

Долгогодишниот член на Лејкерси, Коби Брајант, загина вчера во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.

Во хеликоптерот се наоѓаа и неговата најстара 13 годишна ќерка Џиана, нејина другарка и родителите, инаку познат бејзбол тренер, Џон Алтобели, и уште 4 лица.

Сите загинаа во падот на хеликоптерот во планината.

Летот се одвивал во исклучително тешки временски услови со густа магла.

По падот, хеликоптерот се запалил.

Сите одеа на кошаркарски меч во кој требале да играат ќерките на Брајант и на Алтобели.

Хеликоптерот со кој загинаа беше во сопственост на Коби, управуван од пилот.

Светот е во шок, а бројни спортисти и спортски работници се простуваат со емотивни статуси и пораки од големата НБА ѕвезда, најдобриот меѓу најдобрите, Коби Брајант.

Извор: ФБ профил на Новак Ѓоковиќ, светски агенции