Ѓоковиќ заработи 3,8 милиони долари со победата на УС Опен

3,8 милиони долари годинава е наградниот фонд за победникот на Отвореното првенство на Америка. Толку му припаднаа на трикратниот победник, српскиот тенисер , Новак Ѓоковиќ.

Ова е најголема поединечна награда во историјата на тенисот.

Ѓоковиќ досега има заработена над 110 милиони долари само од тенисот.

Ѓоковиќ – Дел Потро 3:0 (6:3, 7:6, 6:3)

Новак Ѓоковиќ го совлада Аргентинецот, Хуан Мартин дел Потро во финалето на Отвореното првенство на Америка и по третпат ја освои оваа престижна титула.

FOTO: JOHN G. MABANGLO / EPA;