Ѓоковиќ им се извини на организаторите на УС Опен

,,Целата оваа ситуација ме прави навистина тажен и празен. Проверив како се чувствува линискиот судија и според информациите што ги добив, таа се чувствува добро, фала му на Бога. Не можам да го откријам нејзиното име поради задржување на нејзината приватност. Многу ми е жал што и го приредив овој стрес. Не беше намерно. Не беше во ред, беше погрешно.

Сакам да го претворам ова непријатно искуство од турнирот во важна животна лекција, за да продолжам да растам и да се развивам како човек, но и тенисер.

Им се извинувам на организаторите на УС Опен. Многу сум благодарен на мојот тим и семејството што ми дадоа силна поддршка, како и на моите фанови, затоа што секогаш се тука за мене. Благодарам и жал ми е. Беше тежок ден за сите“-напиша српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на своите профили на социјалните мрежи по немилиот настан на Отвореното првенство во тенис на САД.

По ова непријатно искуство, тој доби силна поддршка од неговите поддржувачи и навивачи, кои му оставаат емотивни пораки.

Novak Djokovic

Новак Ѓоковиќ во осминафилето беше дисквалификуван откако случајни со тениското топче погоди линиски судија, по што таа падна на земјата од ударот.