Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ имаше традиционална фото сесија со пехарот на Австралија Опен во Ботаничката градина во центарот на Мелбурн.

Ова е традиција на Австралија Опен, победникот на овој турнур да има фото сесија со пехарот од Грен Слем турнирот. Ѓоковиќ во Мелбурн победи по рекорден седми пат, тој има вкупно 15 Грен Слем титули и изјави дека е можно да го стигне Федерер кој има 20 круни на големите турнири.

Доколку продолжам да победувам на Грен Слем турнирите мислам дека е логично да верувам дека ќе го стигнам Федерер, имам време , се е можно – изјави Ѓоковиќ .

Новак Ѓоковиќ има 32 години, во моментов е прв на АТП листата и рекордер во Мелбурн.