Ѓоковиќ нема да учествува на турнирот во Пекинг

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ нема да игра на турнирот во Пекинг, заради повреда на лактот. Ова го соопштија организаторите на турнирот кој почнува на 3 октомври и му посакаа брзо опоравување.

Новак дури 6 пати го освоил Пекинг, од кои 4 едно по друго.

Тој изрази жалење и разочарување, бидејќи како што рече, тој турнир му е омилен, затоа што сака да се натпреварува пред страстните кинески навивачи. Ѓоковиќ е омилен спортист во Кина.

Првиот тенисер на АТП листата веќе подолго време има проблем со лактот, но сепак најави дека најверојатно ќе се појави на мастерсот што се игра во Шангај од 10 октомври.