Ѓоковиќ не ѝ го ,,даде“ своето срце на воздржаната публика на Вимблдон(видео)

Повеќе медиуми во светот анализираат зошто публиката во Вимблдон е прилично воздржана и студена кон победата на Новак Ѓоковиќ, впрочем како и претходните 4 пати кога стана носител на титулата.

И овојпат поголем дел од публиката и Ѓоковиќ се разделија прилично студено, а Новак не им го испрати вообичаениот поздрав по победата.

Неговото срце чека некоја пофер публика.

На вчерашната прес конференција ја повтори неговата позната реченица ,,Кога тие викаат Роџер, јас слушам Новак“. Само така можете да останете сконцентрирани и да се борите против таков играч каков што е Федерер, изјави Новак.

,,Можеби никогаш нема да биде популарен како Федерер или Надал, а Ѓоковиќ го иритира и тоа што не добива толкава љубов од публиката како нив, но ги добиваше нив двајцата редовно кога тоа било многу важно“, констатира СНН во својот коментар по епохалната победа на Ѓоковиќ против ветеранот Федерер.

Инаку со оваа титула, Новак му се приближи на лидерот Роџер во освоени гренд слем титули.

Роџер Федерер има 20 , Рафаел Надал 18, а Новак Ѓоковиќ 16 гренд слем трофеи.