Најдобриот светски тенисер , Новак Ѓоковиќ во второто коло на првиот Мастерс годинава од серијата 1000, Индијан Велс, ќе се сретне со 25 годишниот Бјорн Фратанџело од САД.

Фратанџело во првото коло го победи Елиас Имер од Шведска и закажа дуел со Ѓоковиќ. Ова ќе биде втор меч меѓу овие двајца тенисери и повторно на Индијан Велс, во 2016 година Ѓоковиќ победи со 2-1.

Мечот меѓу првиот и 128 на АТП листата се игра в сабота.