Светскиот рекет број 1 и носител на титулата во Синсинати, Србинот Новак Ѓоковиќ, се пласираше меѓу четворицата најдобри и повторно атакува за титулата, до лани на неосвоениот турнир од него.
Ѓоковиќ го декласираше Французинот Лука Пуј(Lucas Pouillе) со 7:6, 6:1 и го закажа дуелот со Данило Медведев од Русија.
Новак имаше потешка работа во првиот сет , бидејќи мораше да го реши во тај-брејк, меѓутоа вториот помина без тешкотии, освен на здравствен план.
Загрижува медицинскиот тајмаут што го побара поради проблеми со лактот во вториот сет на резулатат 4:1.
Второто полуфинале во Синсинати се игра меѓу Французинот Гаске и Белгиецот Гофан.
Фото:АП