Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, беше главна ѕвезда на Маракана во Белград на натпреварот Црвена Ѕвезда-Радник од Сурдулица, во  кој црвенобелите победија со 6:0 во Супер-лига.

Тој дојде со своите браќа да им дадат поддршка за претстојниот меч во Лига на шампиони против Наполи, кој ќе се игра во вторник.

По натпреварот, Ѓоковиќ на Инстаграм ја закачи заедничката фотографија со браќата.

,,Трогателен момент. Од мали нозе навивам за Црвена Ѕвезда и се радувам и нервирам заедно со нив. Момци, имате голема поддршка за натамошните борби и верба во вас дека можете да ги поместите границите“, напиша Ноле.