Српскиот тенисер и број еден светски рекет, Новак Ѓоковиќ, ќе биде казнет со 20.000 долари затоа што по дисквалификацијата наместо да дојде на задолжителната прес конференција, тој го напушти стадионот ,,Артур Еш“ во Њујорк и се упати директно на аеродром Џ. Ф. Кенеди.

Исто така, ќе му бидат одземени 180 поени освоени до осминафиналето и 250.000 долари.