На 25 февруари 2017 година, во манастирот ,,Св.Јоаким Осоговски“ крај Крива Паланка во организација на здружение ,,Бранител 2001“ е организирана панихида за загинатите бранители во 2001, но и за загинатите полицајци во кумановска Дива населба 2015 година. Почесен гостин бил Ѓорге Иванов, како Претседател и Врховен командант на вооружените сили на РМ. Но, најмногубројни на овој собир се членовите и основачи на т.н. македонски патриотски здруженија, кои потоа се обединија во Македонски национален фронт. На видеото и фотографиите кои може да се најдат од овој настан, може да се видат ликови кои потоа беа предводници на организираниот упад и физички напад врз пратениците од СДСМ и коалицијата во македонскиот Парламент.

Сите тие се под лидерската палка на Јохан Тарчуловски кој е присутен на сите основачки собранија на здруженијата со ,,патриотски“ предзнак, а според она што го изјавил во февруари, може да се види дека тие отогаш биле организирани и со намера да го направат упадот во Собрание:

„Има кој мисли на татковината, има Македонци чесни патриоти кои до последна капка крв ќе се борат оваа држава да остане таква каква што е, зашто нашите предци ни ја оставиле во аманет и наша чест и одговорност е да ја браниме таа татковина.Никој не може да ја погази волјата на народот, а народот сака унитарна држава, со еден и единствен јазик, македонски – “, изјави Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ на панихидата за сите загинати во конфликтот во 2001 година и од настаните од мај 2015 во Куманово, која се одржа во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка.

 

На панихидата присуствувал и Ѓорге Иванов, на кого очигледно не му пречеле упатените закани од Тарчуловски и пораки за крвопролевање, но и присуството на ,,униформирани“ следбеници на Ќосето, Александров и другите од здруженијата формирани пролетта 2017 пред упадот и насилството во Македонското Собрание.

  

 

АКО.мк