Ѓорге Иванов ги лаже граѓаните на Македонија

СДСМ тврди дека Претседателот Ѓорге Иванов ги лаже граѓаните на Македонија.

Лажна вест е дека Иванов постапил со доделувањето на мандатите, како што постапил претседателот Глигоров во 1992 година-се вели во реакцијата на оваа партија, која во прилог на тврдењето приложија документ од 1992 година.

,,Во прилог е соопштението од Кабинетот на претседателот Киро Глигоров од 14.07.1992 година. Тоа покажува дека претседателот Глигоров го доделил мандатот на второпласираната партија на тогашните избори, без да бара да му бидат приложени потписи од 61 пратеник и да поставува услови за програма, како што тоа го направи Иванов со барањето до претседателот Заев. Единствено што побарал тогаш претседателот Глигоров од второпласираната партија на изборите е, цитираме, „да посочат кандидат кого Претседателот на Републиката би го определил за мандатор за состав на Владата на Република Македонија“.

Ѓорге Иванов го додели мандатот на Никола Груевски без да му бара потпис од 61 пратеник и да поставува услови за програмата и оттука нема право тоа да го бара од претседателот Заев.

Ова е недозволиво кршење на Уставот од страна на Ѓорге Иванов, за што се одговара според Уставот и според Кривичниот законик.

Порачуваме дека е недозволиво Иванов со своите постапки да се става во одбрана на криминалот на Никола Груевски и со тоа да ги доведува во опасност граѓаните и државата!,,-се вели во соопштението од СДСМ.

 

 

 

ако.мк