Ѓорге Иванов-мамец за донатори на Гала вечер во Мелбурн за прибирање финансиски средства(фото галерија)

Поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, кој со семејството е гостин на македонските иселеници во Австралија, беше покровител и почесен гостин на инаугуративна Гала вечер за прибирање финансиски средства .

Од организаторите, The Macedonian Community Welfare Association (MCWA)  – Македонска добротворна организација, велат дека ,,вечерта била прекрасна“.

,,Беше прекрасна вечер која вклучуваше моќна порака од проф. Д-р Ѓорге Иванов. Неговиот говор се фокусираше на љубезноста и моралот на човекот. Тој зборуваше и за предизвиците и обврските што ги имаме како општество кон оние што имаат потреба.

,,Во ноќта беа вклучени и храна, пеење, танцување и можност присутните да се мешаат и да се поврзат меѓу себе. Многумина ја искористија можноста да разговараат со поранешниот претседател и да ги споделат своите пофалби и грижи со него.

Управниот одбор и тимот на MCWA би сакале да им се заблагодарат на сите наши поддржувачи, на сите што присуствуваа и на сите што донираа . Вашата поддршка е многу ценета“-се вели во информацијата од оваа организација.