Ѓорге Иванов му честиташе на Ердоган за постигнатиот успех на референдумот

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитки до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по повод резултатите од референдумот во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Исто така, честитки до претседателот Ердоган упатија и премиерот на Албанија, Еди Рама, претседателот на Словенија, Борут Пахор и премиерот на Либан, Саад Харири.

Според информациите добиени од претседателски извори, референдумското гласање коешто заврши со „да“ за уставните промени, беше повод за упатените честитки од наведените Претседатели и Премиери во телефонските разговори со турскиот претседател Ердоган.