Ѓорге Иванов нема да го прими Карл Билд

Ѓорге Иванов, претседател на РМ, нема намера да се сретне со шведскиот политичар и дипломат Карл Билд, пишува порталот Курир.

За овој портал од Кабинетот на Иванов официјално рекле дека во агендата на македонскиот претседател не е предвидена таква средба.‎

Неофицијално до средба Иванов – Билд нема да дојде пред се поради непринципиелните ставови и крајно необјективниот пристап  во врска со внатрешната политичката ситуација, но и поради  директниот обид за мешање во внатрешните работи на Македонија,соопштиле од кабинетот на Иванов.

Според Иванов, Билд честопати фаворизира одредена страна, давајќи свои коментари и изјави во врска со политичките случувања на Балканот, но и во Македонија.

Билд утрината дојде во Скопје, но само по неколку часа на твитер напиша:

„Крајот на уставната криза во Скопје не е на повидок. Се чини дела разликите во ставовите се се подлабоки. Ситуацијата е тешка.“