Ѓорчев: Ова е лакрдија!

Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ одговори на прес конференцијата на лидерот на СДСМ Зоран Заев нарекувајќи ја лакрдија.

Тој го повика да престане да ја турка Македонија во несакани сценарија и да ги признае резултатите. Ѓорчев рече дека е срамота што досега не му ја честитал победата на Никола Груевски. Потсети дека во 2004 година кога Стево Пендаровски беше претседател на ДИК прогласил легални избори во ИЕ 6 иако имало записници со 600 гласа спрема 0 на пример.

Овие избори се кристално чисти-рече Ѓорчев.