Ѓорчев прогласи победа со 20.000 гласа пред СДСМ

Влатко Ѓорчев на првата прес конференција што ја одржаа вечерва во 22 и 45 минути прогласи победа против СДСМ од 20.000 гласа разлика, но присутните едвај го прифатија неговиот обид за еуфорија. Тој на присутните неколку пати им повтори дека имаат 20.000 гласа повеќе , но дека очекуваат повеќе гласови. Тој рече дека ова е десетта по ред победа на ВМРО ДПМНЕ и најави дека ќе ги чита гласовите по општини.