Најдобрите ракометни судии од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се делегирани да ја делат правдата на мечот меѓу Шведска  и Египет, натпревар  од групата Д на Мундијалот во Германија и Данска. Оваа средба се игра вечерва со почеток од  20-30 часот во Ројал Арената во Копенхаген.

Николов и Начевски имаат големо меѓународно искуство и важат за еден од најдобрите судиски парови во светот со континуитет на настапи на големите натпреварувања.