Ѓубре, диви депонии, многу ѓубре насекаде…

Голем број граѓани изразуваат секојдневно незадоволство од однесувањето на нивните сожители и немоќта на надлежните институции да се справат со огромните количини смет расфрлени насекаде низ државата, а посебно покрај патиштата, улиците и сообраќајниците.

Неколку ФБ страници кои се занимаваат со овој проблем, се преплавени со фотографии и видео записи од ужасната состојба насекаде во градовите, селата и низ патиштата.

Овие фотографии се од Ново Лисиче кон селото Лисиче или на последна седумка.

Фотографиите се преземени од ФБ страницата ,,Скопје бара чист воздух“

Состојбата со сметот и неговото депонирање е тотално надвор од контрола. Крајно алармантно е ваквото однесување на жителите насекаде низ Македонија, но и на надлежните институции, Владата, Министерството за екологија, локалните самоуправи…кои никако да сфатат дека со апели не се воведува ред.

Потребни се итни мерки кои ќе ги спречат несовесните да го повторуваат истото, бидејќи бесполезни се акцијашките чистења без соодветна репресија и едукација.

Емилија Лазаревска