Ѕид на срамот: Гевгеличани исфрлија ѓубре на автопатот Велес- Градско и си заминаа

Возач на автомобил марка Голф со регистарски таблички GE-8802-AB, застана на автопатот Велес- Градско и од багажникот извади поголемо количество отпад и го исфрли крај патот.

Оваа срамна активност беше забележана од случајни минувачи кои го регистрираа ова и го објавија на социјалните мрежи.

Човекот што исфрли ѓубре беше предупреден да си го собере назад во багажникот, но тој одби.

Ова е лицето што го исфрли отпадот.

Од багажникот на ова возило…

Ѓубрето оставено покрај патот.