Јакимовски бара глас повеќе за Груевски

 

Како партија ќе сториме се на терен за да убедиме што е можно повеќе граѓани да гласаат за оваа коалиција-рече Стевче Јакимовски од ГРОМ , по заедничата средба во седиштетео на ВМРО ДПМНЕ . Тој е дел од коалицијата За подобра Македонија која заедно ќе настапи на претстојните избори.

-Ние сметаме дека силите не треба да се растураат, труку напротив треба да се сконцентрираат и сметаме дека ова изјаснување ќе биде  битно за перспективите на Македонија. Граѓанската опција за Македонија поздравува што конечно се гледа крај на оваа политичка криза во Република Македонија. По наше мислење, после 92-ра година, кога се одлучуваше на референдум дали ќе се остане во Југославија или ќе бидеме самостојна и независна држава, ова е исто така многу важен суд што ќе го донесат граѓаните -рече Јакимовски.

 

Стевче Јакимовски беше дел од врвот на СДСМ кога Бранко Црвенковски беше лидер на партијата . Тој го донесе на едно од клучните места претседател на Градската организација на СДСМ од редовите на ЛДП. За време на последните локални избори Јакимовски, како што се виде од објавените разговори во Бомбите, ноќта пред изборниот молк со Сашо Мијалков договори негов настап на локалните избори 2013-та кандидирајќи се како претставник на Српска напредна странка на Драгиша Милетиќ. Јакимовски ја доби градоначалничката функција парктично со гласовите на ВМРО ДПМНЕ, откако нивниот кандидат Јагнула Куновска отпадна во трката во вториот круг.