Јакимовски прогласил времени објекти на државно земјиште за дивоградба, а потоа го продале земјиштето за багателна цена

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, и уште неколкумината обвинети за злоупотреба на службена положба, инаку вработени во општината, овозможиле на неколку фирми да купат државно земјиште, откако претходно времените објекти кои биле на државно земјиште, ги прогласиле за дивоградби.

За ова СДСМ кога беше во опозиција алармираше уште пред локалните избори.

Станува збор за земјиштето кое се наоѓа во близина на поранешниот ресторан „Имес“ во Карпош кое се најде во фокусот на предизборната кампања на СДСМ во оваа општина откако Душко Весковски од СДСМ обвини дека плацот од фирмата „ГРОМ промет ДООЕЛ“ бил купен за само 11 илјади евра, за потоа истото земјиште по два месеца да биде продадено на друга фирма за 600 илјади евра.

Информациите и документите кои, покажуваат дека земјиштето заедно со објектите кај „Имес“ биле легализирани, па потоа продадени за речиси трипати повисока цена.

„ГРОМ промет“ купил државно земјиште во Карпош само за 11 илјади евра, а потоа го продал за 600 илјади евра.

Душко Весковски, кој сега е претседател на Советот на Општина Карпош, а претходно беше носител на листата на советници на СДСМ, ја обвини Општината под раководство на Стевчо Јакимовски како градоначалник дека неправилно отуѓила градежното земјиште со вкупна површина од 1.533м2, кое било продадено за само 11 илјади евра на друштвото за производство, трговија и услуги „ГРОМ промет ДОЕЛ“.

Потоа, државното земјиште е продадено за багателна цена, а само два месеца подоцна по отуѓувањето истото земјиште заедно со легализираните објекти од „ГРОМ промет ДООЕЛ“ било продадено на фирмата „Дабар ДООЕЛ“ по цена од околу 600 илјади евра.