Јанева без коментар за барањето на Совет на јавни обвинители

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не сакаше да го коментира барањето на Совет на јавни обвинители  зошто им побарале објаснување за нивното откажување од предметот ,,Пуч„. Претседателот на Совет на јавни обвинители Петар Аневски пак рече дека тие оствариле куса средба со Јанева и дека се договориле идната недела да одржат нова средба на која петмина обвинители од СЈО ќе ги образложат нивните причини за откажување од натамошно гонење на обвинетите во Пуч, меѓу кои лидерот на СДСМ Зоран Заев и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски.

Советот на јавни обвинители е заинтересиран и за преземање на овој случај, но како што рече Аневски, на некои делови од него.