Ние успеавме за ова кратко време да поднесеме 17 обвиненија од вкупно 18 предмети-рече Специјаланата јавна обвинителка Катица Јанева, која излезе на прес конференција со својот тим. Таа рече дека станува збор за сериозни кривични дела и злоупотреби на службената должност од повеќе лица.

Што се однесува до предметот ,,Талир“, најавуваме дека истрагата ќе продолжи и во наредниот период. Преземени се огромен број дејства за утврдување на злоупотребата на при финансирање на една политичка партија -рече Јанева.

Цврсто сме убедени дека ќе докажеме се што е содржина на обвиненијата. Денешниот ден или први јули ништо не менуваат. Ние ќе продолжиме со нашата работа и истраги, со цел да ја истераме правдата на виделина и да докажеме и процесуираме се што е предмет на наша истрага-рече обвинителката Јанева.