Деветгодишниот Јане Велковски,кој боледува од спинална мускулна атрофија, денеска во Лион на егзибициски натпревар им се приклучи на голем број поранешни и сегашни фудбалски ѕвезди како што се португалската легенда Луис Фиго, како и на амбасадорот на финалето во УЕФА Лига Европа Ерик Абидал.Јане во Лион замина по покана на УЕФА, поради снимање на видео спот за кампањата “Еднакви на терен“.

“Кога играм фудбал се чувствувам како сите останати. Се чувствувам прекрасно бидејќи можам да учествувам во играта па дури и да предводам тим”, вели Јане.

LYON, FRANCE – MAY 15: during the EqualGame at the Fanzone ahead of the UEFA Europa League Final between Olympique de Marseille and Club Atletico de Madrid at Stade de Lyon on May 15, 2018 in Lyon, France. (Photo by Lukas Schulze – UEFA/UEFA via Getty Images)

Инаку, УЕФА на едно место ги собра врвните ѕвезди и грасрут фудбалерите да покажат дека фудбалот е отворен за сите без разлика на возраста, полот, пособноста, религијата, сексуалната ориентација, етничката и социјалната припадност.