Јанкуловска била повикана на распит за ,,Титаник“

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска била повикана во СЈО на распит за случајот ,,Титаник“ во својство на осомничено лице, дознаваме неофицијално од ова обвинителство.

Таа во присуство на својот адвокат побарала увид во доказите против неа, по што повторно ќе биде повикана да го даде својот исакз.

,,Титаник“ е првиот случај што го отвори СЈО, а се однесува на изборни манипулации и злоупотреба на службена положба и овластување на државни функционери меѓу кои покрај Јанкуловска се и Миле Јанакиески, генерален секретар на Влада во тоа време и други.

 Осомничени се и судии и поранешни членови на ДИК.

ако.мк