Јанкулоска до Груевски: Лесно е од далеку да кажуваш како треба

Некогашнната прва соработничка на Никола Груевски, сега повеќекратна обвинета, Гордана Јанкулоска, на ФБ му одговори на избеганиот поранешен премиер на неговите апели и совети пред гласањето за уставни измени:

,,Кога си далеку од проблемите, на 800 км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото“-пишува Јанкулоска.

Груевски вечерва  од Будимпешта се јави на ФБ со порака до пратениците дека е долга ноќ пред нив во пресрет на гласањето за уставни измени..

Груевски се јави од Будимпешта: Ставате црн печат на македонската крвава битка