Јанош и Јашари се новите станари на Зоолошка градина

Пристигнаа Зебрите од Чешка и Словенија, нивните имиња се Јанош и Јашари. Стари се околу година дена, а првите 20 денови ќе бидат во карантин. Веднаш се приспособија на условите и скопската температура, а веќе ги остварија и првите контакти на доверба со вработените , информираат од ЗОО-Скопје.