Јанша: По повикот на Мицкоски испративме помош во пријателската земја

По вчерашното официјално соопштение на словенечкото министерство за одбрана во врска со помошта што оваа земја ја испрати со воен авион во Македонија, се огласи премиерот Јанез Јанша.

Тој вели дека реагирал откако му се јавил лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

,,Веднаш по повикот од Христијан Мицкоски, кој ја извести Владата на РС за исклучително тешката ситуација во која се наоѓа Македонија, ги поврзавме МО на РС и Министесртво за внатрешни работи на РС Македонија, преку системот на цивилна заштита испративме помош за пријателската држава. Во исто време повикав лично неколку лидери на ЕУ да не ги заборават земјите од Западен Балкан“-напиша Јанша на Твитер.

Министертвото за одбрана на Словенија вчера објави:

„Словенија испорача материјална помош во форма на лична заштитна опрема во вредност од 110.000 евра на Северна Македонија, со авиони на словенечката армија Турболет Л-410.
Словенија одговори во духот на меѓусебната солидарност НА БАРАЊЕТО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА , ЗА КОЕ СЕ ОБРАТИ ПРЕКУ МЕХАНИЗМОТ ЗА ЦИВИЛНА ЗАШТИТА НА ЕВРОПСКА УНИЈА, со цел да се спречи ширењето на ковид-19“-се вели во соопштението на МО на РС.

АКО.мк вчера извести за оваа приказна на следниот линк: