Јапонскиот моден дизајнер КЕНЗО Такада почина на 81 година од Ковид 19

Јапонскиот дизајнер Кензо Такада познат по создавањето на меѓународната луксузна модна куќа KENZO, почина во Париз во неделата поради компликации поврзани со Ковид-19, се вели во изјавата на портпаролот на луксузната марка К-3 испратена до Си-Ен-Ен.
„Со огромна тага брендот К-3 објавува загуба на славниот директор Кензо Такада. Светски познатиот дизајнер почина на 4 октомври 2020 година поради компликации поврзани со Ковид-19 на возраст од 81 година на Американска болница, во Нојли-сур-Сена, Франција “, се вели во соопштението.

Во 1970 година, Такада го размрда модниот свет во Париз со креации од својата истоимена модна линија. Неговите дизајни беа хаотична мешавина од нагласени бои и отпечатоци инспирирани од неговите патувања низ целиот свет.
Дизајнерот ја инаугурираше својата водечка продавница во Париз Плеј дек Викторија до 1976 година, и во текот на следните три децении, тој собра бројни признанија и достигнувања – вклучително и бројни насловни страници на списанија, лансирање на империја за парфеми.


,,Кензо Такада беше неверојатно креативен, тој измисли нова уметничка и шарена приказна што ги комбинира Исток и Запад – неговата родна Јапонија и неговиот живот во Париз”, вели Бушет Манхајм, извршен директор на марката К-3 .


,,Имав шанса да работам покрај него долги години, секогаш со стравопочит, воодушевувајќи се на неговата љубопитност и неговата отвореност. Тој бешше тивок и срамежлив на почетокот, но беше полн со хумор. Тој беше дарежлив . Тој имаше жар за живот … Кензо Такада беше олицетворение на уметноста на живеење “, додаде тој.