Јапонските навивачи беа многу разочарани по поразот на својата репрезентација од Белгија од 3-2 на Светското првенство. „Самураите“ имаа водство од 2-0, но „ѓаволите“ со пресврт во последните 20 минути дојдоа до победата.

По завршување на натпреварот многумина од Јапонците почнаа да плачат, но откако се смирија и се вратија на традицијата да ги чистат трибините на стадионот во Ростов.