Јелена Ѓоковиќ отвори ново училиште во Србија

Фондацијата ,,Новак Ѓоковиќ” на чие чело е Јелена Ѓоковиќ, го предаде во употреба осмото Училиште на животот.

Адаптацијата и уредување на простори за воспитување на деца од претшколска возраст, се дел од хуманитарната акција што ја финансира фондацијата на Новак и Јелена, за подобрување на квалитетот на растење и образование за сите деца во Србија.

Оваа претшколска установа се наоѓа во село Кукујевци, општина Шид,а наставата ќе ја посетуваат 50 дечиња.

Фондацијата ги избира главно руралните и сиромашни места во Србија, каде вложува пари за реновирање,адаптирање и подигнување на квалитетот на образование за децата на кои им е потребно тоа. Целта на овој проект е спречување на миграцијата село – град и запустување на селата во Србија, кои се почесто стануваат само живеалиште на стари луѓе

Неодамна, во Милано, Ѓоковиќ организираше тениски турнир со хуманитарен карактер, а собраните пари беа донирани за децата во Србија и подигнување на нивото на образование.

Извор: РТС