Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, со фотографија од својот прозорец порача дека е дома:

,,Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството“-напиша таа на својот ФБ профил.

Јанкулоска се соочува со 4 годишна затворска казна за случјот со набавка на луксузниот Мерцедес по барање на Никола Груевски.

Од вчера кружи шпекулација дека таа избегала од државата.