Јоаким Лев е најплатениот селектор на Мундијалот во Русија

 

Првиот човек на актуелниот светски шампион Германија, Јоаким Лев, е најплатен селектор на Светското првенство во Русија, објави британскиот весник „Мирор“. Со годишна плата од 3,78 милиони евра, Лев е на врвот на листата на селекторите со најголема плата кои ги предводат репрезентациите на годинешниот Мундијал.

Селекторите на Бразил и Франција го делат второто место на листата. И двајцата имаат годишна заработувачка од 3,45 милиони евра. Со плата од 2,95 милиони евра на четврто место се наоѓаше селекторот на Шпанија, Лопетеги, но тој доби отказ непосредно пред почетокот на Мундијалот.

На дното на оваа листа се наоѓа селекторот на Сенегал, Алиу Сисе. Тој има плата од само 200.000 евра на годишно ниво. Ништо подобри не се ниту селекторите на Полска, Адам Навалка и на Србија, Младен Крстајиќ кои имаат годишна заработувачка од селекторската функција во износ од околу 300.000 евра.