Јовески: До крајот на денот ќе ги преземеме сите предмети од СЈО



Утрината почна процесот за преземање на предметите од СЈО во надлежност на Јавно обвинителство на РСМ.

,,Очекувам дека до крајот на денот овој процес да заврши. Од следната недела ќе продолжиме со техничките детали. По преземањето во надлежност на нашето обвинителство, предметите остануваат во надлежност на обвинителите кои досега постапувале по него. Потоа, обвинителството дополнително ќе утврди следните денови за секој конкретен предмет кое обвинителство е месно надлежно , по што ќе определиме кој обвинител ќе го застапува секој конкретен предмет. Ние ќе им дадеме приоритет при распределба на предметите кои се во фаза на судење или треба обвинителството да преземе некои итни неодложни дејности по тие предмети“-рече Јавниот обвинител, Јовески.

Постојните судски процеси може само малку да се одложат, но потоа ќе продолжат таму каде што застанале.



-Сите докази кои се дел од истражните и судски постапки ќе ги користиме натаму, исто као досега, рече јавниот обвинител, Љубомир Јовевски.

Функциите на обвинителите од СЈО мируваат, а Советот на Јавни обвинители во најскоро време ќе го реши нивниот статус дали ќе се вратат на своите работни места од кадешто дојдоа во СЈО.

Што се однесува до веродостојноста на писмата од Катица Јанева, обвинителот Јовевски вели дека не се сомнева во нивната автентичност, бидејќи таа комуникација се спроведува на релација Казнено-поправна установа-судија на претходна постапка.