Јово Вангеловски ќе ги ,,минира„ сите одлуки што се однесуваат на СЈО

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, кој по втор пат дојде на чело на оваа институција и кој е еден од лицата кои се дел од прислушуваните разговори и кој може да биде предмет на истрага на СЈО, ќе одлучува за предмети поврзани со СЈО.

Откако го отфли предлогот на сЈО за негово изземање по ови предмети, сега тој потврдува дека Врховниот суд ќе ја смени одлуката дека апсењето на градоначалникот на Општина Пустец Едмонд Темелко по барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) било законско,  поврди за САКАМДАКАЖАМ.МК претседателот на судот Јово Вангеловски.

Претходно, одлуката дека апсењето е законско ја донесе петчлениот Кривичен совет на Врховниот суд што го раководеше експретседателката Лидија Неделкова.

Едмонд Темелко е сомничен во случајот „Титаник“.

На прашањето како е можно одлуката да се смени кога веќе е донесена  едногласно, без ниту еден од врховните судии да биде против, Вангеловски појасни дека во случајот со апсењето на Темелко со цел да биде донесен пред судија на претходна постапка, не било постапено во целост според Законот за кривична постапка. Вели дека сепак имало прекршувања во таа постапка. Најави дека ќе се врши нејзино преиспитување и оти тој, како сегашен претседател на Кривичниот совет ќе ја потпише, а не неговата претходничка Лидија Неделкова, под чие претседателство лани пред Нова Година била донесена оваа одлука.

„Таа одлука сѐ уште не е официјална. Неа јас ќе ја потпишам. Кога ќе ја потпишам тогаш ќе биде официјална. Исходот на одлуката по Барањето за заштита на законитоста (БЗЗ) за случајот Темелко може и да се смени“, најавува Вангеловски.

Одлуката за Темелко е по Барање за заштита на законитоста на постапката поднесено токму од СЈО, кое од Основниот суд Скопје 1 и од одбраната на осомничениот, беше критикувано дека издало законски непоткрепен налог за негово лишување од слобода. Затоа Кривичниот суд потоа не одобри мерка притвор за Едмонд Темелко, еден од главните осомничени во „Титаник“, првата и најобемна истрага што ја поведе СЈО по број на осомничени. „Титаник“ се однесува на сомневања за изборни нерегуларности вршени во 2013 година.

На општата седница на Врховниот суд, која почна вчера и на која беше отфрлено сѐ што беше на дневен ред, за денеска преостана уште предлогот на Вангеловски СЈО да нема право веќе да поднесува Барање на заштита на законитоста во постапката до Врховниот суд. Вангеловски, дознава СДК од извори во судот, сметал дека има законски недоречености за надлежностите на СЈО за поднесување БЗЗ и оти во законот јасно било наведено дека само Јавниот обвинител на РМ, во случајов Марко Зврлевски, има право да поднесе вакво Барање до Врховниот суд.

Извор:СДК