Јоксимовиќ: Mал простор кризата во Македонија да се реши по мирен пат,дипломатските притисоци ќе растат

 

Директорката на Центар за надворешна политика Александар Јоксимовиќ, во интервју за РТС зборуваше за посетата на Федерика Могерини на регионот, со посебен осврт на кризата во Македонија.

Според Јоксимовиќ, посетата на Могерини е во многу чувствителен момент кога целиот регион е во криза, посебно Македонија. ЕУ ги набљудува демократските процеси и инсистира Претседателот на Македонија да му го довери мандатот на лидерот на опозицијата Зоран Заев, кој обезбеди мнозинство за формирање Влада вели таа и додава:

,,Ќе се види дали во наредниот период напнатоста ќе расте. Се чини дека постои мал простор  македонската криза може да се реши на мирен начин. Затоа, верувам дека без оглед на отворените пораки од различни светски лидери, ќе дојде и до дипломатски разговори кои нема да бидат отворени за јавноста. Ќе се обидат да најдат решение со кое ќе бидат задоволени сите страни во конфликтот. Постои, сепак шанса кризата да заврши мирно за доброто на сите“-изјави за РТС Александар Јоксимовиќ, директор на Центар за надворешна политика во Србија.

Таа смета уште дека политичката криза од Македонија може да се прелее и во регионот, што и се случува, но дека Србија засега може да биде мирна.